Само испружете ја раката врз кутијата и почуствувајте ги емоциите и мирисите што ќе ве поплават.
Токму тоа е идејата зад првиот „9D-телевизор“ во светот, проект кој само што доби милион фунти за истражувачки цели на универзитетот во Сусекс.
„The Ultragaptics“ кутијата работи во комбинација со вообичаениот 3Д телевизор, со тоа што исфрла бранови/облачиња од воздух кон одредени точки на вашите раце, за што се смета дека генерира емоции. Резултатот е некаква чудна „чувствовизија“, како што тоа го нарекува Д-р. Маријана Обрист.
Кратките, остри испукувања на воздух во областа околу палецот, показалецот и средишниот дел на дланката, генерираат возбуда, додека тажните чувства се генерираат со бавна и блага стимулација на надворешноста на дланката и областа околу малиот прст.
Системот исто така би испумпувал и мириси и вибрации, се со цел поголема втопеност со програмата/филмот што го гледате, а со тоа и повозбудливо искуство.
„Релативно наскоро, можно е да реализираме навистина восхитувачка, повеќестрана медиа, како што е 9-димензионалната телевизија, или компјутерски игри што предизвикуваат емоции преку вкус“, вели Обрист. „Слична технологија би можела да се користи и во односот родител-бебе или за да се збогати аудио-визуелната комуникација во љубовните врски на голема оддалеченост“.
Како што вели таа, особено е голем потенцијалот во „еден кон многу“ комуникацијата. На пример, танчерите во клубовите би можеле да ги кренат рацете, со што би добиле силна стимулација како фидбек од публиката.