Трпите, трпите, трпите… Ама сто пати ви дошло да им се качите со сукало. А они да ти биле уметници.
„Па, што значи за вас да сте соседи од горниот кат?“, прашува интервјуирачот, а тие одговараат со: „Паа… задачата ни е да произведуваме звуци“.
Луѓето ја сметаат вревата на соседите за иритирачка, ама овие двајца се убедени дека е уметничка форма.
„Џулија е фонтана од креативност. Таа е гение. Таа е толку креативна… Нивниот таван е наша сцена. А ние танцуваме по неа“.
Целта им е секогаш да создаваат нови звуци, но кои ќе бидат непрепознатливи. Како што вели тој, тоа не е лесна задача. Мораат често да работат во смени, сé со цел да им се наметне илузијата на соседите под нив дека кај нив никој никогаш не спие.
„Ова… ова звучи како куглање… Не е можно да е тоа… ама така звучи“, вели збунетата сосетка под нив. „Звучи како… како некое џиновско бебе што учи да оди! Се прашувам што ли прават таму горе?!“
Еее, драги наши читатели, тоа е уметност!