Mомче со аутизам нацрта детална мапа на светот

Едно 11-годишно момче влегло во училницата и нацртало неверојатно детална карта на светот. Истото тоа момче има аутизам, а се чини и натчовечка меморија.Единствено што не било доволно високо, па морало да се качи на столче за да го заврши цртежот.

Исклучително талентираното Њујорчанче ја нацртало мапата со сé политичките граници меѓу земјите, како и деталните линии меѓу копното и водата, заедно со блиските крајбрежни мали острови.

autist

Фотографијата е објавена на Reddit од страна на Bobitis. Тој објаснува: „Ова е синот на еден од професорите на ќерка ми. Денес влезе во училницата и го направи ова. Бев воодушевен… особено што сум татко на дете со слични атрибути“.

Причината зошто некои луѓе со аутизам имаат способност на особено силна меморија, сé уште не е позната. ScienceAlert вели дека некои од експертите сметаат дека има поврзаност со промени во амигдалата и хипокампусот во мозокот. Сепак, според нив, ќе поминат уште декади пред да разбереме што всушност се случува.

- Реклама -