Стануваме сé посвесни за сериозната контаминација на овошјето и зеленчукот со пестициди, но не и за тоа како да се заштитиме. Пестицидите не можат да се измијат само со вода. Чаре?
Во продолжение на текстот ви претставуваме еден супер-раствор кој можете да го направите дома и кој ќе ги отстрани бактериите од овошјето и зеленчукот. Се состои од вода и оцет, во сооднос од 3:1. Овој раствор отстранува дури 98% од бактериите. Овошјето и зеленчукот треба да ги потопите за време од 10 до 20 минути, а потоа да ги исплакнете со вода. Или, можете да го ставите растворот во шише со распрскувач и да ги попрскате плодовите, оставајќи ги да седат така барем 10 минути пред да ги измиете.
Исто така, можете да направите и други ефективни раствори:
– 1 лажица лимонов сок, 2 лажици сода бикарбона и 1 филџан (за кафе) вода
– 1 лажица лимонов сок, 2 лажици јаболков оцет и 1 филџан вода
За продукти со многу висок процент на пестициди, пробајте го следново:
– 1 филџан вода, 1/2 (половина) филџан јаболков оцет, 1 лажица сода бикарбона и неколку капки екстракт од семе од грејпфрут. Покиснете ги плодовите во растворот и оставете ги така барем 1 час.
Лупете го овошјето и зеленчукот
Ова е веројатно најдобриот начин да ги отстраните штетните пестициди, особено кога станува збор за јаболките. Но не заборавајте добро да ги измиете пред да почнете да ги лупите. По лушпата која е најизложена на пестициди, и надворешните слоеви на плодот можат да содржат висок процент на хемикалии. Иако од економски аспект е лоша идеја, од аспект на здравјето најдобро е да ја јадете исклучиво срцевината на плодот. Таму пестицидите најтешко продираат.