До порамен стомак само со помош на конец

Еден од водечките физиотерапевти има чуден и едноставен начин што ќе ви помогне да го обликувате струкот. Се што ви треба е парче конец/јаже, а со тек на време имате шанси и да ги добиете стомачните што секогаш сте ги сакале.

Сами Марго вели дека врзувањето на конец околу стомакот потсвесно ќе ве потсети да ги затегнете тие стомачни мускули, а со тоа ќе го подобрите држењето на телото и ќе добиете порамен стомак.

„Како физиотерапевти, ние сме многу загрижени за луѓето што се комплетно неактивни. Идејата за одење во теретана два пати или три пати во неделата е страшна за многумина, па мораме да најдеме начини за интегрирање на вежбањето во секојдневниот живот“.

670px-Get-Flat-Abs-Doing-TVA-Exercises-Step-7-Version-2[1]

Сами советува да го вовлечете стомакот колку што можете, па да го опуштите за 50%. Токму тоа е златната средина на која треба да го врзете конецот. Патем советува дека и покрај конецот треба да вежбате, но вели дека конецот ќе им помогне и на тие што не вежбаат, бидејќи ги тера стомачните мускули да работат понапорно.

„Било што што ќе ги натера неактивните луѓе да ги размрдаат стомачните мускули, е од помош“, објаснува таа.

- Реклама -