Сите се плашиме од деменција, и со право. Болеста може да ги претвори нашите најблиски во бледа сенка на личноста што ја познаваме, а нив да ги остави беспомошни во секојдневието, неспособни да ги препознаат оние што најмногу ги сакаат. Нема потреба да објаснуваме колку е тажен и болен тој процес за сите актери во ситуацијата.
Затоа, во продолжение ви приложуваме еден тест од 6 прашања, кои докторите го користат како скрининг за присуство на болеста, со цел да ги идентификуваат оние кај кои постои ризик од појава на деменција. „Six Item Cognitive Impairment Test“ е развиен во 1983-тата, но скоро беше ажуриран за да одговара на модерните знаења и стандарди. Да започнеме:
1. Која година е?
Бодување: Точен одговор – 0 поени
Неточен одговор – 4 поени
2. Кој месец од годината е?
Бодување: Точен одговор – 0 поени
Неточен одговор – 3 поени
Во оваа фаза од тестот, на испитаникот обично му се дава име и адреса и од него се бара да ги запомни. Обично се состои од 5 компоненти – име и презиме, адреса (улица и број), град.
3. Погодете колку е часот во моментот, отприлика. (Одговорот се однесува на најблискиот час на часовникот. На пример: ако е 16.20, треба да одговорите 16 часот, а ако е 16.40 – точниот одговор е 17 часот)
Бодување: Точен одговор – 0 поени
Неточен одговор – 3 поени
4. Бројте наназад од 20 до 1
Бодување: Без грешка – 0 поени
Грешка – 2 поени
Повеќе од една грешка – 4 поени
5. Рецитирајте ги месеците во годината, наназад.
Бодување: Без грешка – 0 поени
Грешка – 2 поени
Повеќе од две грешки – 4 поени
6. Кажете ги името, презимето, адресата и градот што претходно ви беа дадени да ги запомните
Бодување: Без грешка – 0 поени
Една грешка – 2 поени
Две грешки – 4 поени
Три грешки – 6 поени
Четири грешки – 8 поени
Сите згрешени – 10 поени
РЕЗУЛТАТИ:
0 – 7 поени: Нема знаци на проблеми со меморијата
8-9 поени: Постојат знаци на проблем со меморијата, пожелно е да посетите специјалист.
10 – 28 поени: Постојат силни знаци на оштетена меморија. Итно се потребни понатамошни испитувања и најдобро е што поскоро да посетите доктор.