Оваа напуштена куќа, лоцирана во Онтарио, Канада, е стар, но прекрасен примерок за заборавен дом. Дејв, фотографот на блогот „ Freaktography“, ја посетил оваа локација за да направи интересни фотографии од запуштената куќа, но она што најмногу го запрепастило е фактот што нејзиниот ентериер бил во одлична состојба.
Ќерката на некогашниот сопственик денес има 76 години, а во разговорот со Дејв му открила дека таа е оставена на локалната црква. Сепак, по извесно време настанале некакви недоразбирања меѓу неа и црквата, па куќата останала напуштена цели 30 години. Но, она што е чудно и мистериозно, е фактот што ниту едно парче мебел не е изнесено од овој дом, кој стои целосно автентично, онака како што изгледал кога во него се слушала човечка врева.
Освен мирисот на влага и прашина, се е на своето место.