Кога архивистите од британскиот Pathé го откриле немиот филм во нивните архиви не можеле да поверуваат во она што го виделе. Имено, во филмот со наслов „Eve’s Wireless“ било прикажано нешто што изгледа како првиот мобилен телефон на светот, и тоа во 1922 година.

Снимката прикажува две добро облечени жени во Њујорк кои носат некаква направа која ја поврзуваат за хидрант преку долг кабел. Потоа отвораат чадор, кој изгледа дека им користи како антена, и воспоставуваат повик со оператор кој потоа им пушта музика на грамофонска плоча.
Марк Харис од британскиот Pathe вели: „Неверојатно е тоа дека пред речиси 90 години не само што се размислувало за мобилната технологија и музиката во движење, туку таа и постоела во некаков облик. Навикнати сме технологијата од ваков вид да се појавува најрано во 50-тите и 60-тите, но ова е четири години пред да се појави телевизијата. “
Филмот е се уште мистерија за истражувачите, кои сега се обидуваат да дознаат повеќе детали за оваа интересна технологија. Истиот можете да го погледнате на страницата на британскиот Pathé.