Одговорите на само три прашања можат многу да ве изненадат и многу да ви откријат. Нема точно и неточно. Има само забавен прашалник што ќе ви открие каква личност сте и кои се вашите приоритети, за кои можеби и не сте свесни.
Се тврди дека тестот потекнува од Тибет, а според многумина, составен е од самиот Далај Лама лично. Дали е вистинит или не ќе дознаете порано или подоцна, а ние ви гарантираме дека е забавен.
Пред да почнете со тестот, замислете си желба. Земете пенкало и запишете ги омилениот ден и омилениот број на крајот од листот на кој ќе ги запишувате одговорите.
Запомнете – умот е како падобран, секогаш е подобро да е отворен. А кога е таков, обично првиот одговор што ќе ни падне на ум е и најдобриот и највистинитиот.
Да почнеме:
1. Подредете ги животните, почнувајќи од она кое најмногу ви се допаѓа:
А) Крава
Б) Тигар
Ц) Овца
Д) Коњ
Е) Прасе
2. Кратко опишете ги следните нешта, со по една реченица:
А) Куче
Б) Мачка
Ц) Глушец
Д) Кафе
Е) Море
3. Сетете се на некој кој ви е посебно важен, а можете да го поврзете со следните бои (За секоја боја наведете само по една личност. Личноста не треба да се повторува кај две различни бои):
А) Жолта
Б) Портокалова
Ц) Црвена
Д) Бела
Е) Зелена
РЕШЕНИЈА:
1. Првото прашање ги открива вашите приоритети во животот. Кравата е кариера, тигарот е гордост, овцата – љубов, коњот – семејство, прасето – пари.
2. Вашиот опис на кучето е всушност ваш опис за вас самите. Преку мачката го опишувате вашиот партнер, преку глушецот ги опишувате вашите пријатели. Описот на кафето всушност говори на кој начин ја доживувате љубовта/љубовниот живот, а описот на морето говори за тоа како живеете.
3. Значење на боите:
– Жолта: личност што никогаш нема да ја заборавите
– Портокалова: личност што ја сметате за вистински пријател
– Црвена: личност која вистински ја сакате
– Бела: ваша сродна душа
– Зелена: единсвената личност што ќе ја паметите до крајот на својот живот.
Омилениот број и омилениот ден го означуваат датумот кога можете да очекувате вашата желба да се исполни.