Пред се, ќе се задржиме на литиум-јонските батерии, но овие совети помалку или повеќе важат и за сите останати типови на батерии. На пример, на литиум-полимерските, со кои патем можете да се однесувате поопуштено зашто имаат подобри карактеристики од Li-Ion.
Советите во продолжение не се однесуваат само на мобилни и паметни телефони, туку на сите мобилни уреди чија работа се потпира на вградените батерии кои ги имаат во себе.
1. Неколку повремени полнења во текот на денот и носат повеќе добро на батеријата, отколку едно потполно полнење.
2. Не дозволувајте батеријата често да се празни целосно, до нула.
3. За оние што не го чепкаат телефонот постојано, идеално е да ја одржуваат батеријата околу границата од 40%. За тие што цело време го користат смартфонот за секакви ситници, најдобро е да ја полнат батеријата до максимум и да избегнуваат често да ја трошат под 30%.
4. Идеалната температура на опкружувањето на батеријата е 25 Целзиусови. На таква температура, во текот на една година, батеријата ќе изгуби само 20% од капацитетот. Со зголемувањето на температурата, тој процент значајно се зголемува. Не ја изложувајте батеријата на високи температури!
5. Ниските температури, особено близу 0 Целзиусови, лошо влијаат на батеријата. Некогаш дури го спречуваат и полнењето.
6. Празната батерија не треба да ја оставате неупотребена долго време. Ако веќе морате, наполнете ја некаде до половина и чувајте ја на суво и темно место.
7. Што и да направите, останува фактот дека Li-Ion батериите се потрошна роба и го губат својот капацитет со текот на времето. Со невнимателно ракување само можете да го забрзате тој процес. Но, вака или онака, неизбежното ќе се случи, а ваше е да се навикнете.