BMW X6 се продава повеќе од успешно, а со години конкурентите од најголемите германски премиум гиганти немаа соодветен одговор на кросоверот со „спуштен“ покрив.
На крајот, Mercedes-Benz неодамна го покажа својот GLE Coupe, а сега дојде ред и на Audi.
![](http://avtoplus.mk/images/news/images/392_Audi-470-2.jpg)
Компанијата од Инголштат официјално објави дека ќе лансира модел Q6, а на бизнис-конференција во Франкфурт беше прикажана првата скица на машината. Објавени беа и детали, односно кросоворот ќе се надградува над платформата MLB, на која е и најголемиот SUV на брендот – Audi Q7, а дизајнот ќе биде сличен на неговите конкуренти. Најголемото изненадување, сепак е поврзано со моторот на новиот модел. Во Audi ќе понудат Q6 само со електричен погон, односно кросоверот ќе користи погон од R8 e-tron. Тој е со два електромотори, а со едно полнење идниот SUV ќе може да мине околу 300 километри.
![](http://avtoplus.mk/images/news/images/166_Audi-470-3.jpg)
Според англиското издание Autocar, премиерата на Q6 е закажана за 2017 година, а околу една година потоа ќе се појави и поголем кросовер – Audi Q8. Тој, сепак, ќе се потпира на традиционалните мотори со внатрешно согорување.
![](http://avtoplus.mk/images/news/images/322_Audi-470-4.jpg)