Био урна (Bios Urn) е биораградлива урна дизајнирана да ја претвори човековата пепел во дрво по смртта.
Урната е направена со користење на 100% биораградливи материјали, кокосова лушпа, набиен тресет, и целулоза. Таа има два дела- капсула одозгора со соодветен медиум да се овозможи совршено ‘ртење на семето, и долен конус каде се става пепелта.
Дизајнот на Био урната му овозможува на семето да ‘рти одвоено од пепелта. Откако урната го започнува процесот на разложување корењата на дрвото се веќе доволни силни за да се поврзат со пепелта и да се развие и расте преку Био урната.
Био урната е подготвена да користи било кое семе од дрво, грмушка или растение. Урната нема рок на траење, а исто така може да се употреби стара пепел.
Креаторите на урната сметаат дека смртта е најважен момент во животот на луѓето, и затоа сакаат да ја претворат во трансформација и враќање на животот преку природата. Био урната има за цел повторно да го запознае човекот со природниот циклус на животот.
Нивното мото: постои живот после живот.
Био урна
Што содржи Био урната
Изберете семе
Како работи
Био урна
Инструкции за Био урна
Земјата ќе ви биде благодарна