Најчудниот пат – со гроб во средината

Во средината на East County Road 400 South, во близина на Амити во државата Индијана, САД, се наоѓа еден споменик, кој го дели асфалтираниот пат на два дела.

Ова обележје всушност го претставува гробот на Нанси Керлин Барнет (1793-1831).

Нанси имала 14 години, кога се омажила за Вилијам Барнет во 1808 година. Тие се населиле во близина на Амити. Кога таа починала во 1831 година на 39-годишна возраст, била погребана на врвот на мал рид, што гледал кон Sugar Creek – едно од нејзините омилени места. Во наредните години во регионот се создале уште неколку гробни места.

3(1049)

Сепак, на почетокот на векот, управата на Џонсон Каунти решава да изгради пат директно преку гробиштата, што значи дека гробовите треба да бидат преместени.

Еден од синовите на Нанси се противил на тоа барање, па поради тоа нејзиниот гроб останува на своето место и патот врви околу него. Проблемите почнуваат подоцна, кога се наметнува потребата од продолжување на патот. Повторно доаѓа барање за преместување на гробот, против кое овој пат застанува внукот на Нанси. Даниел Доти го брани со пушка гробот на баба си. Тоа е доволно за да ја натера локалната власт да го изгради патот околу него. Бетонската плоча е поставена на средината на патот на 8 август 1912 година, која и до денес покажува каде се погребани останките на Нанси Барнет.

5(863)

- Реклама -