Неуспешен фотофиниш

Вистинска драма се случи на квалификациската трка на 100 метри во репрезентацијата на САД, кога ниту фотофинишот не можеше да одлучи која атлетичарка го освои третото место, Алисон Феликс или Џенеба Тарбох.
Токму најдобрите три Американки треба да се пласираат на ОИ, а Феликс и Тарбох имаат две опции, да трчаат „мајсторка“ или да фрлаат паричка, па посреќната да патува во Лондон. Првопласирана е Кармелита Џетер (10.92 секунди), а второто место го освои Тијана Медисон (10.96 секунди), но спорно е третото место за пат на ОИ во Лондон во најбрзата дисциплина.

Двете атлетичарки, Алисон Феликс и Џенеба Тарбох имаат идентично време (11.068 секунди). Инаку, двете атлетичарки, в сабота ќе трчаат и на трката на 200 метри, па можеби таму ќе имаат повеќе среќа и нема да треба да фрлаат паричка.Во Македонија атлетиката е многу поедноставна. Не ни е потребна паричка, туку самите си одредуваме кои атлетичари ќе патуваат на ОИ во Лондон, со оглед дека тие се далеку од исполнување на олимписката норма.

Прочитајте и:  Пол ги демантираше гласините: Борбата со Тајсон не била наместена
- Реклама -