Среќата потекнува од почитта, не од парите

Сепак имало причина зошто новите милионери (или милијардери) кој почнале од Silicon Valley и понатаму ги носат истие искинати фармерки и обувки кои ги носеле пред да се збогатат.

Парите не се она што ги прави среќни туку почитта која ја добиваат поради напорната работа. Тоа е барем заклучокот добиен од студија на Haas School of Business на Беркли Универзитетот. Студијата открила дека индивидуите ретко го поистоветуваат социоекономскиот статус со субјективната добросостојба.

Според студијата, не се само парите туку и „почитта која се добива од пријателите и соработниците“ кои влијаат врз среќата. Студијата била базирана на анкета која професорот Камерон Андерсон и неговите колеги ја направиле помеѓу бизнис дипломците, прашувајќи ги за нивната среќа на работното место. Тие откриле дека одговорите не биле пропорционални на парите кои тие ги заработуваат туку почитта од нивните колеги.

„Добивањето на повисока положба на локалните бизнис скалила создава чувтво на влијание и контрола над сопствената социјална средина, како и чувство на припаѓање и прифатеност“ пишал Андерсон во студијата. Една статија на TechCrunch состави сличен заклучок, тврдејќи дека корелацијата помеѓу почитта и среќата е особено важна кај успешните луѓе во технолошката индустрија.

Во таа статија како пример е спомнат основачот на Facebook, Марк Зукерберг. Неговите најрани вработени се сеќаваат дека тој сè уште спиел на кревет на подот дури и откако компанијата ја надминала вредноста од една милијарда и дека тој преферирал да работи до доцна навечер. Материјалното богатство не му било толку важно на Зукерберг колку квалитетот на она што го создавал со неговиот тим.

Студијата на Беркли исто така дава можен одговор на прашањето зошто толку многу талентирани луѓе од Silicon Valley брзо се откажуваат од платени позиции и почнуваат да работат на нов проект. Техничкиот претседател на Facebook е пример за тоа – тој планира да ја напушти компанијата за да започне од почеток.

А има и други примери од поранешни работници на Google, eBay, PayPal, Twitter итн. кои ја замениле платата со шанса за работа на сопствена компанија. Заклучокот на студијата гласи: „Среќата која потекнува од прилив на пари заминува многу бргу бидејќи луѓето се навикнуваат на промените предизвикани од новото богатство.“ Добра репутација – а не висока плата – е причината за вистинска среќа.

- Реклама -