Honda jа претстави новата генерација на Jazz

Honda ја претстави новата генерација на моделот Jazz, кој ќе биде достапен на европските пазари од почетокот на ова лето. Премиерата на автомобилот пред публика ќе се одржи следната недела во Женева.

Третата генерација на Jazz ја користи глобалната B-платформа на Honda, зголемена за 95 милиметри. Благодарение на подолгото за 30 mm меѓуоскино растојание нуди и поголем простор во кабината. Исто како и во претходните генерации на автомобилот и новата располага со „магични“ задни седишта на Honda, а нејзиниот резервоар за гориво е лоциран под предните седишта. Благодарение на тоа, моделот демонстрира „неспоредлива флексибилност и водечки во класата простор во ентериерот”, се наведува во информацијата од Honda. Обемот на багажникот е 354 литри и може да достигне до 884 литри при соборувањето на задниот ред седишта. Зборувајќи за внатрешноста, тој не само што нуди повеќе простор, туку и поголем комфор. Материјалите се со повисок квалитет, има нови системи за безбедност, а дигиталната централна конзола крие најновата верзија на инфо-системот Honda Connect, кој работи со 7-инчен дисплеј.

Дизајнот на екстериерот е еволутивен и речиси идентичен со презентираната неодамна американска верзија на моделот, која се продава под името Fit. Мала разлика има во предниот дел. Во моментот е потврдено дека моделот ќе се нуди и со 1,3-литарски бензински мотор Earth Dreams. Тој генерира 102 КЅ и ќе може да биде комбиниран со рачен менувач со 6 степени или со вариатор CVT.

- Реклама -