Еден вработен во аеродром стана ѕвезда на интернет откога се соблече целосно гол пред вооружените чувари.
Триесетгодишниот Георги Мјакинкин работи на аеродромот во Санкт Петербург, и рекол дека штотуку му завршила смената и тргнал накај дома сфатил дека ги заборавил клучевите од дома.
„Се вратив на аеродромот и бев токму во делот во кој патниците доаѓаат со возовите кога ме застанаа и ме замолија да го соблечам каишот и да поминам низ скенерот. Ги знам правилата и знам дека не е потребно во таа област да се биде толку строг, но стражарите биле претерано сурови. Кога одбив и реков дека мора да одам по клучевите, повикале полиција“, објаснува Георги.
Лутите полицајци исто така побарале да го соблече каишот, но тој одлучил да соблече сè. И потоа низ скенерот помина само по чорапи.
И кога другиот ден дошол на работа, видел дека видеото од безбедносните камери протекло на интернет и дека станало хит. Моментално се истражува кој го објавил видеото во јавноста, а Георги одлучил да ја тужи полицијата за објавувањето на видеото.
„Знам дека го објавиле видеото во јавноста за да ме засрамат, но јас ќе се смеам последен“.