Месецот што го карактеризираат студените денови, снежната идила, денот на виното… е месец на доблести.
Според старите книги во кои се прави типологија и прогнозирање на судбината на луѓето, според месеците во кои се родени, овие особини ги поседуваат родените во вториот месец од годината.
Оригиналност
Луѓето родени во февруари не можете да ги „обвините“ дека се копија. Тие се автентични и веруваат во учење од сопствените искуства, наместо да ги имитираат другите.
Иновативност
Луѓето родени во овој месец се пионири во својата област. Секогаш пронаоѓаат нешто ново и не веруваат дека нештата не можат да се променат или подобрат. Некои од најголемите светски научници се родени во февруари.
Искреност
Тие се искрени до срж и не се плашат да ја изговорат вистината, без оглед на последиците. Подложни се на конструктивна критика, што ги прави многу добри пријатели.
Мистериозност
Многу е тешко да се процени што се случува во умот на оние кои се родени во февруари. Тие се мистериозни и многу привлечни за спротивниот пол.
Силна волја
Познати се по поседувањето на силна волја и борбеност, дури и во најтешките моменти. Многумина и завидуваат за оваа моќ.
Единствени
Едноставно речено, луѓето родени во февруари се единтвени и видно се разликуваат од останатите. Тоа може да биде според начинот на кој пристапуваат кон проблемите, начинот на облекување, размислување или нешто сосема друго.
Посветеност
Тие се посветени кон семејството и пријателите. Нивната верност ги прави одлични партнери па тоа им е еден од најдобрите квалитети.