„И да имаш некаков физички недостаток, тоа не треба да те ограничува и да те запира да сонуваш“ – кон оваа порака целеше церемонијата на FTL Moda Loving You, што се одржа во рамките на Неделата на модата во Њујорк.
Манекенки во инвалидски колички и со патерици од целиот свет покажаа модели инспирирани од Италија.
Шоуто FTL Moda Loving You беше организирано во соработка со Fondazione Vertical, италијанска фондација која поддржува изнаоѓање на лек за повреди на ‘рбетниот мозок.
Британскиот личен тренер Џек Ејерс стана првата кукла со ампутирани нозе. Тој учествуваше и на ревијата на модната недела во Њујорк.
Минатата недела, пак, Џејми Бруер се запиша во историјата на модата, станувајќи првата манекенка со Даунов синдром која што парадираше во Њујорк. Таа учествуваше во презентацијата на моделите на Кери Хамер за Есен / Зима 2015.