Начини за безболно чекорење на високи потпетици

Тие се неизоставен дел од секоја модна комбинација, но некогаш нивното носење е неподносливо.

Ве болат нозете од високите потпетици? Решението се наоѓа во продолжение.

1. Честа причина за непријатноста на потпетиците е исклучително тенката висока потпетица која предизвикува болка, особено после повеќе часовното одржување на баланс. Таквите потпетици се тешки за носење доколку на нив планирате да поминете дури два часа. Спас за да поминете безболно се коцкастите „блок“ потпетици.

2. Безболно чекорење овозможува и платформата на обувките и тоа усклучиво поради одржување на рамнотежата. Оваа сезона се хит ретро моделите на платформа, кои се носат со фустан и панталони, па затоа нема причина да не се прошетаме во нив.

3. Моделите кои ги прекриваат прстите спречуваат лизгање на стапалата кон напред, а со самото тоа и отоци на стапалата и создавање на „пликови“. Таквите болни појави обично се случуваат кога дизајнот на предниот дел од обувките е направен од тенки ленти.

4. Да ги соблечете непријатните потпетици и да ги замените со друг модел е одлично решение доколку знаете дека ќе поминете долг период во нив. Имено, најголемата грешка е соблекувањето на обувките за да ги одмориме нозете и повторно да ги облечеме. На овој начин, стиснатото стапало се шири, отекува и се создава уште поголема болка.

5. Едно од најважните правила е пренасочување на тежибата на телото, на прстите. На тој начин, тежината од петите се распределува низ целото стапало.

6. За крај еден клучен момент. Не заборавајте да си понесете балетанки во чантата…за секој случај.

- Реклама -