За секоја домаќинка: Со пегла против мастика, прашок за пециво избелува завеса

Сите знаеме колку може да нè изнервира мрсната дамка на омилената кошула или завесите што не можеме да ги замениме со нови.

Меѓутоа, овие трикови може да ви помогнат во такви ситуации.

Дамките се секако најголем проблем кај перење на облеката, а најнезгодни се оние од мастика или восок, како и флеките од мрсна храна.

Еве како можете да ги отстраните при перење:

1. За да го отстраните восокот или мастиката, оставете прво да се исуши, а потоа тргнете ја колку што можете.

Над флеката ставете весник.

Со пегла поминете неколку пати горе-доле и мастиката, односно восокот ќе се залепи за весникот,

2. Мрсните флеки кои остануваат после перење на долната облека ( или кои воопшто се наоѓаат на облеката), лесно ќе ги отстраните ако ги посипете со детска пудра за бебе, малку почекате, па пудрата ја истресете од облеката.

3. За завесите повторно да бидат чисто бели по перењето, потопете ги, претходно да преноќат во вода, во која има прашок за пециво.

На три литри вода, ставете еден прашок за пециво.

- Реклама -