Стилистите познати како дуо Емили Карнет и Мерит Елиот, одговорија на прашањето кои модни грешки жените ги прават најчесто.
Малоброни се дамите кои покажуваат дека ретко прават грешка, а оние катастрофалните воопшто никогаш и не ги направиле. Меѓутоа, сепак треба да се има на ум дека голем број жени кои важат за најдобро облечени, имаат армија на стилисти и модни експерти кои секојдневно ги советуваат, градејќи го нивниот стил.
Емил и Мерит се стилисти во Холивуд, па затоа се едни од најкомпетентните на оваа тема.
Кога носиме облека што не ни одговара
„Пронајдете го најдобриот моден дизајнер или бренд, чии што модели ви одговараат. Скратете ги панталоните, прекројте го здолништето или спуштете ја „половината“ за подобар изглед. Важно е вашето тело да одговара на моделот, инаку немаат вредност ниту материјалот, ниту пак марката“.
Кога се облекуваме несоодветно за сезоната/времето
„Наместо во зима да шетате облечени во фустан со цветен дезен, изберете нешто од есенско/зимската палета. На вас ќе делува многу подобро. Истиот случај е и со обувките. Сандали во зима – никако“.
Кога носиме нешто во кое не се чувствуваме пријатно
„Самодовербата е најдобриот аксесоар кој жената може да го понесе. Затоа секогаш е подобро да облечете некои удобни обувки со силна пета, наместо секси салонки на тенка потпетица кои ви ги „убиваат“ нозете. Истиот случај е и со облеката. По одењето, ставот, како и гримасите, може да се види дали облеката ви одговара, односно дали во неа се чувствувате пријатно и удобно“.