Пред многу години сопствениците на овој луксузен дом купиле една фабрика, изградена од Густав Ајфел (да – оној кој ја изградил Ајфеловата кула). Тие имале намера да ја искористат за трговски објект, но не успеале да ги добијат потребните дозволи.
Поради тоа го промениле планот и одлучиле да ја претворат во луксузен дом.
Куќата е на три ката, а зачувани се многу детали од оригиналната зграда, која што денес е сосема луксузна.
Во моментов имотот се продава за 11,5 млн. долари, затоа што сопствениците планираат да ги искористат парите за да патуваат низ светот.
Куќата има 4 големи тераси, со тоа што дневната соба стои меѓу две од нив. Вкупната површина на домот е 930 квадратни метри. Исто така во внатрешноста има и три спални соби, како и кино.