Како евтината гардероба да изгледа луксузно?

И со ограничен буџет можете да оставите впечаток дека сте за потрошиле за одредено парче гардероба многу повеќе отколку што е всушност реалната цена.

Со помош на неколку едноставни трикови можете да изгледате како од модна писта.

Носете црно

Црната боја најдобро ги прекрива знаците на ограничен буџет, а истовремено делува скапоцено. Црната е секоаш спас, онаму каде е потребен луксуз, а во комбинација со бисерен ѓердан ќе изгледате софистицирано и моќно.

Обувки од екоантилопа

Вештачката кожа често изгледа прилично лошо, особено на обувки. Наместо тоа бирајте модели од екоантилопа, впечатокот ќе биде значително подобар.

cheapandchicfashiotips_thumb

Заменете ги копчињата

Сакоата и јакните купени за малку пари ќе заблескаат со нoв сјај, доколку им ги замените пластичните копчиња. Набавете златни со некои украси и ќе постигнете ефект на луксузно парче.

Пронајдете добар кројач

Многу дневни облеки треба да се преправат, особено ако поради ниската цена сте купиле несоодветен број. Кројачите не се скапи, а можат да направат чуда.

54823cfadd621_-_mcx-cheap-clothes-expensive-tailor-openarticle

Едноставни чанти

Доколку сте љубителка на нитни или останати украси за чанти, тогаш треба да знаете дека можете да направите чудо и уникатен предизвик од само една обична торба.

Ременот е важен

Ремените кои доаѓаат со ефтини капути и фустани, често ја издаваат нивната цена. Внимавајте при изборот.

 

 

- Реклама -