Дамкастото или точкастото езеро во близина на градот Осојос во Британска Колумбија, не е резултат на нечија бујна имагинација, туку на различните видови минерали кои предизвикуваат езерото често да ги менува боите. Својата вистинска убавина езерото ја открива во летниот период кога заради сушите се претвора во низа прекрасни, разнобојни барички кои изгледаат како да произлегле од имагинацијата на некој сликар.

Езерото е богато со калциум, содиум и магнезиум сулфат, дури и сребро и титаниум. Било нарекувано Kliluk од страна на Окинага индијанците на кои им биле познати терапевтските моќи на езерото генерации наназад. За нив тоа било свето место за лечење кожни болести, брадавици, болки во телото и раните добиени во битките.
На почетокот на 20 век езерото и околното земјиште стана сопственост на Ернест Смит и неговото семејство кои во 70-тите години имаа намера да го претворат во спа центар. Ова ќе значеше ископувања и силна комерцијализација на местото, факт што не ги усреќи тамошните индијанци. Повеќе од 20 години од 1979, тие се обидуваат да го купат езерoто и околното земјиште. Тие постигнаа копромис со семејството Смит дури во 2001, кога за неколку стотина илјади долари, купија 22 хектари.
Денес на оваа територија се наоѓа единствениот индијански резерват (со 370 жители) во Британска Колумбија. Дамкастото езеро сè уште е во приватна сопственост, па посетителите можат да му се восхитуваат одблиску само со специјална довола од племето Оканага.