На НАСА и е потребна помош во сортирањето на стотиците илјади слики од површината на Марс, па така тие решија да го претворат тоа во игра. Проектот се нарекува Be A Martian, а преку оваа игра обичните луѓе можат да им помогнат на научниците да ја одредат староста на Марс и да направат подетална мапа на оваа планета.

НАСА верува дека со вклучувањето на јавноста во анализата на сликите, ќе бидат направени многу нови откритија. Be A Martian играта им овозможува на корисниците да играат додека во исто време ги сортираат илјадниците слики од Црвената планета направени од 1960-та досега.
Играчите на Be A Martian ќе добиваат поени помагајќи и на НАСА да ги организира сликите во една покомплетна мапа на планетата. Линк до играта тука. [How to explore Mars and have fun]