Со толку многу спортски настани во изминатите 12 месеци, тешко е да се одберат најзначајните, опфаќајќи ги зимските Олимписки игри и Светското фудбалско првенство, до екстремните спортови и нуркањето во големи длабочини.
The Guardian создаде колекција на омилените и најспектакуларните фотографии кои го одбележаа спортот во 2014 година.
13 февруари (Сочи)- Јапонецот Јузуру Ханју пресреќен од резултатот за време на зимските Олимписките игри.
14 февруари (Сочи)- Британецот Лизи Јарнолд за време на Олимписките игри.
9 март- Мажи и жени учестуваат во маратон на скијање во Шветска.
15 март- Ирецот Брајан О’Дрискол за време на неговиот последен натпревар за Ирска.
16 март- Несреќата на Камуи Кобахаши за време на Australian F1 Grand Prix во Мелбурн.
20 април- Загрижениот менаџер на Манчестер Јунајтер, Дејвид Мојес е исмеван од човек облечен како Грим Рипер во Гудисон парк стадионот.
21 април- Жозе Мурињо ја држи топката и покарј напорите на Стивен Џерард за време на натпреварот од Премиер Лигата помеѓу Челзи и Ливерпул.
3 мај- Луиз Колазо е добро удрен од Амир Кан за време на WBA интернационалниот боксер натпревар во Лас Вегас.
2 јуни- Фернандо Вердаско ги стиска очите со прстите поради фрустрација додека играше против Британецот Енди Мареј во четвротот кола на Ролан Гарос во Париз.
24 јуни- Луиз Суарез од Уругвај ги стиска забите по каснувањето на Џорџио Чиелини од Италија за време на Светското првенство.
28 јуни- Џејмс Родригез од Колумбија постигнува прекрасен гол против Уругвај во текот на Светското првенство во Рио де Жанеиро, Бразил.
6 јули- Роџер Федерер ја гледа како поминува топката за време на финалниот тениски меч против Новак Ѓоковиќ на Вимболдон.
9 јули- Италијанецот Винченцо Нибали, лидерот на жолтите дресови, моментот на преминување на финиш линијата на петтата етапа на Тур де Франс.
13 јули- Финалниот резулата на екранот откако Германија го понижи домаќинот Бразил на Светското првенство.
13 јули- Бастиан Швајнштајгер од Германија ја прославува победата на Светското првенство држејќи го трофејот.
15 август- Украинката Ана Волошина врши сихронизирано пливање за време на Европското првенство во пливање во Берлин.
20 септември- Орландо Дуке од Колумбија скока од 27 метарска платформа на Ла Савес мостот за време на Ред Бул Клиф Нуркање Светската серија во Билбао, Шпанија.
2 октомври- Кунг Јун од Кинески Тајпеј се натпреварува во ритмичка гимнастика во финалето на Азиските игри во Јужна Кореа.
2 ноември- Луис Хамилтон ја прославува победата на Ф1 ГП во Остин, САД.
10 декември- Навивачите на аргентинскиот фудбал навиваат за својот тим за време на финалето на 2014 Копа Судамерикана протув колумбискиот тим Атлетико Национал во Монументалниот стадион во Буенос Ариес, Аргентина.