Зошто спринтерите од Јамајка се најбрзи?

Усаин Болт е светски рекордер во трката на 100 и 200 метри во моментов. Тој трча 100 метри за помалку од 10 секунди.

Прочитај повеќе: Науката за Усаин Болт: Tој е фрик на природата

За љубителите на атлетиката не е тајна дека во овие дисциплини  спортистите од Јамајка доминираат над останатите. Како може една држава со население помалку од она на Њујорк да има толку многу спринтери во светската елита?

Научниците од различни држави со години ги истражуваат Јамајканците, барајќи ја тајната на успехот.

Истражување на Rutgers University во моментов имаат претензии да ја откријат мистеријата. Тие ја разгледале физиологијата на 74 од најпознатите спортисти на Јамајка, вклучувајќи ги шампионите Шели Ен Фрејзер Прајс и Неста Картер. Научниците ги споредиле со резултатите на контролна група од 116 граѓани на Јамајка кои не се спортисти. Излегува дека колената на професионалната група се многу симетрично оформени, за разлика од оние на контролната група. Тоа не докажува дека спринтерите се побрзи, затоа што колената им се симетрични. Можно е врската да е обратна – колената да им се симетрични, поради тренинзите. Симетријата кај колената на спринтерите сепак е факт и ќе биде испитана во иднина, за да се бара врската помеѓу неа и брзината.

Без ралика, научниците со овој факт се наоѓаат на добар пат кон конечниот одговор.

 

- Реклама -