Науката за Усаин Болт: Tој е фрик на природата

Усаин Болт е големо момче меѓу спринтерите, а тоа не го прави баш подобен за аеродинамична перфекција. Но, како што докажува неговото време од 100-метарската трка во 2009-та година, кога истрча 100 метри за само 9.58 секунди, тој е најбрзиот човек на планетата. Физичарите кои детално го анализираа секој фрејм од таа трка, дури го искористија неговото име за математички модел, по повод студијата за Европскиот журнал за физика.

Usain-Bolt-1949053

„Тој користи нечовечка количина на енергија за да го совлада воздушниот отпор, благодарение делумно на необично долгиот чекор и делумно на големата брзина на грчење на неговите мускулни влакна“, вели физичар од Кембриџ за Би-Би-Си. „На него гледајте како фрик на природата“, пишува Џорџ Дворски за io9.com.

usain-bolt-celebrity-405905449

Следуваат неколку од запрепастувачките откритија:

  • Само 8 проценти од енергијата Болт ја троши на движење, остатокот оди кон надминување на воздушниот отпор, објаснува InsideScience
  • Неговата максимална моќност ја достигнува за помалку од секунда во трката, а се движи околу 3.5 коњски сили; доволно да напојува голема правосмукалка
  • Неговата максимална брзина ја достигнува за околу 7 секунди во трката, а се движи околу 43,5 километри на час
  • Според физичарите, дури и без слабото ветре што му одело во прилог на трката во 2009-та, тој ќе го соборел рекордот со време од 9.68 секунди

UsainBolt1_1561217a

Сето ова наведува многу луѓе да се сомневаат дека Болт се допингува. Роберт Џонсон, пак, застанува силно во негова одбрана, споредувајќи го со Бејб Рут во неговото време или Леброн Џејмс во денешнината. „Тој е едноставно многу подобар од конкурентите поради неговите ретки физички предиспозиции. Болт е огромен, но ја има координацијата, експлозивноста и брзината на спринтерите кои најчесто се со многу помал раст. На кратко, тој е високо чудовиште на природата“, вели тој.

46cdb03a-photo-usain-bolt-victory03

- Реклама -