Организаторите на Изборот за Мис на светот ја разочараа машката публика ширум планетата. Имено, според новите правила на изборот, девојките нема повеќе да шетаат во бикини. По 63 годишна традиција на одржување на изборот за Мис на светот, организаторите се предомислија во однос на костимите за капење.
„Тоа не е она што сакаме Мис на светот да го претставува. Не станува збор само за натпревар во убавина, туку и за убавина со цел. Ние не гледаме поента во тоа девојките да одат во костими за капење“, објаснуваат организаторите.
Ова не е прв пат да биде покренато ова прашање. Многу феминистки и организации сметаат дека марширањето на девојките во бикини е погрешен начин на претставување на жените.
Сеедно, Крис Вилмер и Џулија Морли, во име на организацијата на изборот, најавија дека во иднина, мисиците ќе носат „одело за на плажа“. Што точно се подразбира под тоа и како ќе изгледаат новите облеки – останува да видиме. Наводно, идејата зад ваквата одлука е изборот на мис да стане модно случување, а не „бикини шоу“.