Во Древна Индија, еден човек бил осуден на смрт. Кога му била изречена казната, тој паднал на колена пред кралот и молел за милост:
„Господару, ако ми го поштедите животот“, рекол тој уверливо, со насолзени очи, „во рок од една година ќе го научам вашиот коњ да лета!“
Кралот се зачудил, па се замислил, па шепотејќи се консултирал со советниците и најпосле рекол:
„Слободен си, привремено. Но, внимавај, ако за една година коњот не полета, пресудата ќе биде извршена“, рекол кралот.
Подоцна, најблиските од семејството загрижено го прашале осуденикот како мисли да го исполни ветувањето. На тоа, човекот спокојно одговорил:
„За една година може да умре кралот, може да умре коњот, можам да умрам јас, а на крај краева, можеби тој коњ и навистина ќе полета“.