Ако посакате да живеете во куќата на семејството Флинстоун, или во онаа на Барби, ќе ви се допаднат овие 10 предлози. Ова се 10 вистински куќи инспирирани од филмски ликови:
Куќата на семејството Симпсонови
Оваа куќа во Хендерсон, Невада, е вистинска реплика на куќата на анимираното семејство, како од внатре така и од надвор.
Куќата на семејството Флинстоун
Оваа стара куќа е слична на онаа на семејството Флинстоун. Однадвор изгледа нереално, но внатре е нормална модерна куќа. Се наоѓа во Португалија.
Куќата на Барби
Создадена е од внатрешниот дизајнер Џонатан Адлер по повод 50-годишнината на куклата. Таа е со поглед на Тихиот Океан и се наоѓа во Малибу, САД.
Куќата на Мини Маус
Се наоѓа во Орландо, Флорида.
Куќата на Снупи
Таа служи како биро за информации, во близина на Музејот Чарлс Шулц во Санта Роса, Калифорнија.
Куќата на хобитите
Изградена е од Симон Дејл, кој не е ниту архитект, ниту градител. Тој и неговиот татко ја подигнале куќата за 4 месеци, за околу 3 000 фунти.
Куќа Hello Kitty
Оваа розова куќа се наоѓа во Тајпеј, Тајван.
Куќата на Хајди
Куќата на Бетмен
Се наоѓа во Франција.
Куќа која потсетува на “Војна на ѕвездите”
Изградена е во 1970 година, се наоѓа во Чатонга, Тенеси, што е доста пред појавата на филмот. Всушност, куќата е изградена во чест на астронаутот Нил Армстронг.