Гуштер кој оди по вода (видео)

Повеќе...Одењето по вода не е само она чудо кое го има во библиските приказни. Од BBC ни доаѓа оваа забавена HD снимка на која може да се види како еден вид на гуштери одат, или поточно трчаат, по површината на водата.


Одењето по вода не е само она чудо кое го има во библиските приказни. Од BBC ни доаѓа оваа забавена HD снимка на која може да се види како еден вид на гуштери одат, или поточно трчаат, по површината на водата.

Овие гуштери, кои заради нивната способност си добиле прекар Исусови (нивното латинско име е Basiliscus basiliscus), можат да останат исправени заради способноста да трчаат многу брзо по површината на водата. Според Simon Blakeney,авторот на снимките, бидејќи гуштерите трчаат многу брзо, тие прават меури како што нивните нозе ја удираат водата и потоа тие се оттурнуваат од нив, пред меурите да се распрснат. Со оттурнување и балансирање на меурите, гуштерот може да „оди“ по вода.

{youtube}K1vwHvR9jT0&feature=player_embedded{/youtube}
- Реклама -