Кој вели дека не смеете да носите што и да посакате и кога и да посакате? Никој. Вие сте самите свои „креатори“.
Меѓутоа, сепак постојат неколку модни грешки кои не е добро да ви се случуваат, особено во секојдневното стилиризирање.
1. Кога имате „исклучиво носам марки“ став
Нормано дека орман полн со дизајнерски имиња звучи како исполнување на сите соништа, но дали скапоцената и брендирана облека гарантира непогрешлив стил? Нашиот одговор е категорично „не“. За да имате одличен стил, не е важно чија облека носите, туку начинот на кој што ја носите и стилот кој самите вие го креирате.
2. Кога копирате нечиј стил
Одлична идеја е создавање на стил испишан од некоја епоха, но копирањето на нечиј стил или препознатлив изглед во потполност е неприфатлив.
3. Кога носите неудобни обувки во кои не можете да одите
Ова е едноставно: ако не ви одговараат обувките, не ги носете.
4. Кога комбинирате неколку трендови одеднаш
Што се однесува до експериментирање со трендовите, тоа секогаш го поддржуваме, но ве советуваме да ги пробувате еден по еден. Во споротивно, би можеле да изгледате како премногу да се обидувате.
5. Кога носите премногу модни детали
Во светот на аксесоарите помалку е повеќе.
6. Кога носите облека која не ви одговара
Пронајдете одличен шнајдер на кој можете да се потпрете за облеката да ви прилега совршено.
7. Кога носите стуткана облека
Нема ништо понеуредно од стуткани кошули или панталони. Одлично испегланата облека може сосема да го трансформира вашиот изглед.