Машкиот полов орган е многу чувствителен и лесно може да дојде до негово заболување и појава на инфекции. Овие неколку совети ќе ви помогнат да го одржите здравјето на пенисот.
Отстранете ги влакната
Ако сè уште се мислите дали да ги отстраните влакната околу пенисот односно на пубичната регија или не, ние ве советуваме да го направите тоа што поскоро. Кои се придобивките?
- Помало задржување на влажност, а со тоа и помалку бактерии
- Според некои истражување сензибилноста е подобрена
- Лесно правење на самопреглед
- Естетски подобар изглед на ова подрачје
Сепак внимавајте. Не советуваме депилација на ова подрачје бидејќи е премногу болно, а и препаратите кои ќе ги употребите можат да бидат иритирачки. Користете ја класичната техника на бричење. При тоa, користете брич за една употреба и по завршување на бричењето веднаш фрлете го, не употребувајте го повторно и не делете го со други.
Редовна хигиена, но внимателно
Редовната хигиена на пенисот е од исклучителна важност. Сепак не користете никакви посебни препарати, доволно е само млака вода и малку гел за туширање, а притоа повлекување на препуциумот и детално измивање. Ова е сосема доволно да го правите при секое туширање.
Редовниот самопреглед е клучен
Вие најдобро ги знаете вашите полови органи и не само пенисот туку и тестисите морате редовно да ги самопрегледувате. Доколку забележите:
- Необичен исцедок
- Промена на бојата на семената течност
- Појава на болка за време на однос
- Отоци на пенисот
- Интензивни црвенила и сл.
…задолжително консултирајте се со лекар. Овде спаѓа и самопрегледот на тестисите кој како што кажавме се врши најдобро после туширање со млака вода. Било каква промена на тестисите веднаш без паника треба да биде проверена од лекар. Интимната регија е многу чувствителна па затоа треба и претпазливо да се негува.
Објавено со соработка со За Здравје.