Pantone најавија дека бојата на 2015 – годината на црвено-кафеавата нијанса, Marsala.
Декември е месец исполнет со новогодишна магија, но и многу посебен за сите модни фанатици кои со нетрпение очекуваат да слушнат која ќе е бојата на следната година, за да започнат истражување во продавниците за нови засилувања во плакарот.
Традиционално во почетокот на декември од Pantone објавуваат која боја ќе биде владетел на новата година. И, се разбира, нијансата што е избрана од публиката ги превзема не само модните трендови, туку и сцената на убавината.
И така, дами, бојата на 2015-та е … марсала.
Од Pantone ја дефинираат како заводлива нијанса, кој може да и наметне елеганција на секоја визија без разлика дали ќе се користи самостојно или како стилски акцент.
Веќе ја видовме оваа нијанса по модните писти, но со интерес го очекуваме големото деби – бидејќи нејзината популарност допрва ќе земе замав – во стрит модата и козметичката индустрија.