Адвокатите ќе ги снема до 2030-та – ќе ги заменат роботи

Границата меѓу љубовта и омразата кон адвокатите е тенка. Ги сакаме кога ни требаат, ги мразиме кога не ни се во прилог. Вака или така, до 2030-та ќе ги нема.

Во новиот извештај на експертите од консултантската агенција Jomati Consultants се предвидува дека до 2030-та година, адвокатите ќе бидат „истребени“, а нивната работа ќе ја преземат роботи. Од агенцијата сметаат дека AI технологијата (вештачка интелигенција) толку брзо напредува, што во следните 15 години неколку од канцелариските професии ќе бидат загрозени, меѓу кои и адвокатската.

ad_141302971-e1417527277148[1]

„Порано или подоцна, секој робот ќе биде способен да ја сработи работата на 10-тина правни помошници. Тие нема да се изморуваат. Тие нема да бараат унапредување. Нема да бараат покачување на платата. Цената на услугите од процесното право ќе опаѓа со многу брзо темпо“, се вели во извештајот.

Се смета дека ваквата промена драстично ќе го смали човечкото учество во правото, што може да резултира со структурален колапс на многу адвокатски друштва. Основната идеја е дека правниот персонал ќе се состои од само неколку високопрофилни вработени и партнери, додека механичките помошници ќе ја сработуваат целата „теренска работа“.

- Реклама -