Запознајте го најстариот пар во светот: Заедно имаат 211 години

Двајцата се венчале во далечната 1915 година.Карам и Картари Чанд имаат заедно 211 години, и заедно се најстариот пар во светот.

Тие денес живеат во Бредфорд, во северна Англија, имаат осум деца, 27 внуци и многу правнуци.

Минатата сабота ги прославија своите родендени, тој својот 109, а таа 102-иот, опкружени од многу роднини, од кои многумина пристигнале дури од Индија.

„ Тоа беше специјален ден за семејството. Среќата беше на едно место“, вели нивниот син Пол Чанд.

На прашањето која е тајната на долговечноста на неговите родители, Пол накратко одговора „Живот без стрес“.

„ Јадам се што ќе посакам, но умерено. Никогаш не престанав да уживам во животот“, вели Карам кој пуши една цигара дневно и пие чашка алкохол три пати во седмицата.

„ Проживеавме убав живот. Секогаш бевме заедно, посветени на семејството. Тоа е навистина едноставно“, заклучува Карам.

- Реклама -