На секои 100 девојчиња се раѓаат 106 момчиња, според Minute Earth. Сајтот посветен на науката, го создаде ова видео за да го разбие последниот мит.
Факт е дека се раѓаат повеќе момчиња. Причината е малку трагична. При машкиот фетус има многу поголема веројатност за пометнување или тој да биде мртвороден. Момчињата кои сепак излегуваат од утробата, страдаат од повеќе фатални болести и преземаат повеќе смртоносни ризици.
Така, кога децата ќе пораснат и ќе достигнат возраст, во која можат да создадат своја генерација, соодносот мажи – жени повторно станува 1: 1.
Дали едно момченце ќе биде успешно родено или не зависи во голема мера и од условите на животот на мајката. Така на пример, кога во 60-тите години на минатиот век Кина почнува да страда од сериозен недостиг на храна, шансата родителите да имаат син се намали значително. Ситуацијата се вратила во нормала, по завршувањето на гладта. Поради некоја причина женската утроба го потиснува раѓањето на момчиња за време на тешки времиња и обратно.
Погледнете го приложеното подолу видео за повеќе информации на оваа тема: