Славни личности што не завршиле средно училиште

Марк Волберг, кој има 41 година и се откажал од средно училиште во прва година, најави дека најпосле ќе полага испити за да добие диплома. По тој повод еве уште неколку славни личности кои го напуштиле образованието и заработиле милиони во шоу бизнис.

Џони Деп

Можете да замислите некој како Џони Деп во средно? Никој не може, 49 годишниот Деп не останал долго во училиште, но поради изненадувачка причина. Тој се откажал од училиштето за да го следи својот сон да стане рокер. За среќа откако неговата музичка карира пропаднала уште пред да започне тој стана одличен актер. Деп, кој е најпознат по неговите улоги во филмови на Тим Бартон, не се откажал од музиката.

Дру Баримор

Триесет и седум годишната Дру Баримор беше позната како диво дете на Холивуд во младоста па не е изненадување дека се откажала од средно образование. Член на познатата Баримор актерска династија Дру ја започна својата слава со “E.T.” на 7 години и веќе престојуваше во рехабилитациона клиника за алкохол и кокаин како тинејџерка. До 15 години таа доби легален статус како возрасна и училиштетот веќе не беше приоритет.

Таа се откажала од образованието во трета година средно, неколку години пред да глуми новинар кој се инфилтрира во средно училиште како ученик во “Never Been Kissed” во 1999 година.

Џим Кери

Татко му бил невработен па комичарот морал да го напушти училиштето и да најде работа за да го подржи своето сиромашно семејство во Канада. Во тешки времиња тој се претворил од „одличен ученик во човек кој не сакаше да има пријатели“. „Некое време живеевме во комбе и сите заедно работевме како чувари или чистачи.“ Тој решил да се обиде со стенд-ап комедија а ако тоа не успеело планирал да бара работа во железара.

Марк Волберг

Четириесет и едно годишниот Марк Волберг откри дека работи на добивање на средношколска диплома која не успеал да ја добие како тинејџер. Пеачот кој стана актер, кој признава дека користел алкохол и дрога како тинејџер во Бостон, се откажал од училиштето на млада возраст. „Бегав од дома кога имав 12 или 13 години и кога имав 13 или 14 престанав да одам на училиште.“

„Мојот постар брат ме запозна со дрога кога имав 10 години и ми даде две пива. Кога имав 13, 14, 15 години веќе имав сериозен проблем со кокаин.“ Сега тој е чист и планира да го продолжи своето образование преку интернет со помош на компанија од Њу Орлеанс. „Тие ќе ми ги дадат образовните кредити кои веќе ги имам, најверојатно еден или два. Ќе го завршам ова.“

Чарли Шин

Овој актер кој играше бејзбол играч во филмовите “Major League” знае како да замавне со палка. Тој играл на школскиот тим за Santa Monica High School и можел да продолжи да игра и за колеџ тим според неговите тренери. Но Шин не завршил средно бидејќи бил избркан неколку недели пред да дипломира поради многу отсуства и слаби оцени.

Денес и тој е импресиониран од вниманието кое го доби поради неговиот нервен слом во 2011. „Малку е лудо. Јас сум белец од Малибу кој не заврши средно. Изненаден сум што има олку интерес за мене.“

- Реклама -