Локација, локација и локација. Имот со површина од 93 квадратни метри, што се наоѓа на престижна улица, може да чини и до 1 милион долари и повеќе. Погледнете ги следните неколку примери од САД. Сите овие простори се со површина под 100 квадратни метри:
Aмагансет, Њујорк
Површина: 88 квадратни метри
Цена: 1.395 милиони долари
Овој дом има еден од најголемите дворови во градот. Има 2 спални соби и 2 бањи. Од него се излегува директно на плажа.
Ки Ларго, Флорида
Површина: 98 квадратни метри
Цена: 1.495 милиони долари
Се наоѓа во најсеверниот дел на Ки Ларго и е дел од затворениот комплекс Ocean Reef Club. Тука има пристаниште за јахти, спа центар, голф. Куќата е со 2 спални. Од неа има поглед кон океанот.
Саг Харбор, Њујорк
Површина: 93 квадратни метри
Цена: 1.185 милиони долари
Хемптенс е место познато по високите цени на имотот. Овој дом е со елитна локација, во близина на ресторани.
Фриленд, Вашингтон
Површина: 98 квадратни метри
Цена: 1.65 милиони долари
Кон домот има 12 хектари земјиште и плажи.
Санта Миника, Калифорнија
Површина: 100 квадратни метри
Цена: 1.525 милиони долари
Просечната цена за квадратен метат во Санта Моника е 795 долари. Оваа куќа е со 3 спални и 2 купатила. Се наоѓа на 6 блока од плажа.