Интимна исповед: Како е да се живее со микропенис

Големината на пенисот е слаба точка на мажите, а особено на оние со микропенис. Се што во ерекција достигнува 13 сантиметри се смета за нормален пенис, а микро-пенис е се под 7.5 сантиметри, во ерекција. Медицината сеуште не знае што точно ја предизвикува оваа состојба, но се претпоставува дека се работи за недоволно лачење на тестостерон во доцните стадиуми на фетусот, или нечувствителност на андроген. Има многу загрижени мажи, но само 0.6% од нив и официјално имаат микро-пенис.

Се разбира, справувањето со ваков проблем во животот не е лесно. Кај момчињата, тинејџерите и мажите се јавуваат цела низа психолошки проблеми – гадење од секс и жени, воопшто, страв од интимност, очајнички и залудни обиди за зголемување на пенисот (таблети или алтернативна медицина), но и експериментирање со непенетративни форми на секс и секс-играчки.

Еден од овие несреќници е и анонимниот 51-годишен професор од Велика Британија. Тој ја раскажа својата приказна за тоа како е да се живее со микропенис. Невиноста ја изгубил на 23 години, а до тогаш поминал низ вистински пекол.

„Кога имав 9 години, моите родители се разведоа и останав со пријателите и роднините во текот на летото. Често мокрев во кревет. Еднаш, мајката на мојот другар се налути и ми нареди да ги соблечам пижамите пред сите. Никогаш нема да го заборавам тој момент…“, вели тој.

На 12 години, бил многу дебел, па дури и професорите редовно го задевале. „Учителите постојано ме малтретираа. Бев толку дебел што не можев ни да си го видам пенисот. Никогаш не смеев да се соблечам пред останатите деца во соблекувалната. На 14 станав анорексичен. Толку ме малтретираа заради дебелината што потполно престанав да јадам. За жал, тоа не ми помогна во врска со пенисот. Целиот мој живот е обележан од тоа што пенисот ми е абнормално мал. Ни на 51 година не успеав да поминам преку тоа, а докторите никогаш не ми биле од помош“.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

hostile-couple-in-bed

Првото сексуално искуство му било многу трауматично. „Имав 21 година и бев на журка. Преубавата девојка со која разговарав ме поведе во соба. Бев надуван и за момент заборавив на својата мака. Но, кога се соблеков, таа не можеше да го сокрие разочарувањето… Не ја обвинував. Ни денес не ја обвинувам. Тоа беше пред интернетот и не знаев дека постојат алтернативи. Можеби можев да направам нешто друго, ама тогаш сите бевме наивни и не знаевме многу за сексот“.

Невиноста ја изгубил на 23 години, откако нашол работа и ја запознал тогашната девојка. „Беше убаво, иако и тогаш ми беше срам. Девојката беше доста искусна и знаеше од мене да го извлече максимумот. Беше слатка, се смееше и останавме заедно скоро една година. На крајот, потполно изгуби интерес за секс со мене. На крајот, стана лезбејка“, раскажува несреќникот, кој и самиот размислува дека би му било подобро ако е геј.

„Не можеш себе си да се направиш геј. Или си, или не си. Сепак, го пробав и тоа и спиев со неколку мажи… Последен пат имав секс во 2013-та. Многу тешко можам да изведам пенетрација, но алтернативите се ок: орален секс, рачна стимулација и секс-играчки“, признава професорот.

„Секогаш ги храбрам девојките во мене да видат нешто повеќе. Мојата последна девојка ме остави, но не заради малиот пенис, туку заради мојот самопрезир, со кој таа не можеше да се помири… Ни докторите не беа од помош. Еден од нив ме праша: Секогаш ли бил вака мал?… Не се предавам, ниту го мразам својот пенис. Што е – тука е. Секогаш ги предупредувам моите партнерки дека нема да бидат баш фасцинирани. Се надевам дека ќе сретнам некоја што во мене ќе види повеќе од мал пенис“, ја завршува својата исповед Британецот.

- Реклама -