Наместо да ја фрлате, направете домашни лекови од лушпа од јајце

Постојат многу потенцијални причини за губење на калциумот во организмот. Предолгото седење, конзумирањето кофеин, алкохол или газирани пијалоци се само дел од нив. Најподложни на губењето на калциум се жените во менопауза, постарите луѓе и луѓето што патат од нарушувања во варењето.

Дури 90% од составот на лушпата на јајцата се должи на калциум. Покрај тоа, содржи и железо, бакар, манган, цинк, фосфор, хром и молибден. Тоа ја прави богат извор на минерали. Организмот лесно го апсорбира ваквиот калциум бидејќи е сличен по состав на калциумот што го има во нашите коски и забите.

Па, наместо да ја фрлате лушпата што ви останува, можете да ја искористите за да направите неколку лекови.

 

ЛЕК ЗА ШТИТНА ЖЛЕЗДА
Добро измијте ги лушпите од 8 јајца, исушете ги и иситнете ги. Досипете сок од 2 лимона и чувајте ги во фрижидер неколку дена. Кога ќе омекнат, процедете ја течноста и помешајте ја со литар бренди и со килограм мед. Оставете ја смесата да отстои 7 дена, пред да ја употребите. Земајте по една лажица, 4-5 пати дневно, по оброк.

ЛЕК ЗА ГАСТРИТИС, ЧИР
Ставете малку издробени лушпи од јајца (отприлика колку врвот на ножот) и помешајте ги со 2 лажици лимонов сок. Кога лушпите ќе омекнат, додајте децилитар топло млеко. Земајте по една лажичка од напитокот, два пати дневно – наутро на празен стомак и навечер пред спиење.

ЗА ПОДОБАР ИМУНИТЕТ
Земете 5 цели јајца и добро измијте ги, ставете ги во поголема тегла и прелијте ги со лимонов сок (ќе ви требаат околу 1 кг лимони). Оставете ги да отстојат 8 дена на студено место. Потоа, сето тоа процедете го преку газа, а во процедениот сок додајте пола килограм мед. Сето тоа добро промешајте го и земајте по една лажичка секое утро, половина час пред доручекот.

НАПРАВЕТЕ ПРАВ ОД ЛУШПА
Овој прав можете да го користите во горенаведените рецепти (освен за подобар имунитет), а се прави многу лесно. Лушпите ставете ги во рерна загреана на 150 степени. Печете ги околу 10 минути. Исушената лушпа иситнете ја и чувајте ја во било каков сад, за подоцнежна употреба.
Пред користење на било кој од лековите, се препорачува да се консултирате со доктор.

- Реклама -