Во кул есенските денови секогаш е добро да имате некаква дополнителна облека под рака. Една убава и топла наметка или долг џемпер можат не само да ни го обезбедат потребниот комфорт и да не загрејат во раните утра, туку и лесно да се комбинираат со летната облека, со која што се уште не сакаме да се разделиме.
Оваа сезона сите наметки уживаат популарност, но со особено големо влијание на модната писта се оние со продолжена големина. Тие се исклучително удобни и можат да се носат од страна на сите девојки без грижи за формата на нивната фигура.
Особено актуелни се комбинации со лесна и воздушеста ткаенина кои изгледаат истовремено женствено и безгрижно. Со помош на наметките можеме да си дозволиме да го прдолжиме рокот на своите омилени летни фустани и блузи.
Единственото што е потребно да го направите е да ја вратите нивната сила и да го искористите тоа. Во моментов во продавниците има огромен спектар на модели, што ќе ни овозможат да експериментираме и да се радуваме на нивната топла прегратка.
Ви предлагаме да разгледате неколку прекрасни примери кои ќе ве инспирираат и ќе и дадат волја на вашата фантазија. Уживајте…