Како боите можат да влијаат врз вашата продуктивност

Бои Боите кои ве опкружуваат отсекогаш имале влијание врз вас, дури и ако никогаш не сте им посветиле внимание. Тонот на боите предизвикува физички, психички и емоционални промени и може сериозно да повлијае на вашата продуктивност во сите аспекти од животот.


Боите кои ве опкружуваат отсекогаш имале влијание врз вас, дури и ако
никогаш не сте им посветиле внимание. Тонот на боите предизвикува
физички, психички и емоционални промени и може сериозно да повлијае на
вашата продуктивност во сите аспекти од животот.

ЦрвенаЧовечкото око забележува околу 7 милиони бои, но овде ќе ги разгледаме само основните. Па така, топлите бои го стимулираат срцето и го подигаат крвниот притисок. Црвената боја на пр. покрај тоа ја подобрува и работата на централниот нервен систем, ве огладнува и потсвесно симболизира доминација. Кај луѓето предизвикува поголема внимателност, го подобрува забележувањето на деталите и општо, ја зголемува продуктивноста.

СинаОд друга страна, студените бои смируваат, ги олеснуваат воспаленијата и го снижуваат крвниот притисок. Зелената (во централниот дел од спектарот) го стабилизира човечкиот организам во целост, релаксира, го намалува стресот, а според некои истражувачи, може да ја зголеми способноста за читање. Сината го снижува крвниот притисок, пулсот и телесната температура, го намалува апетитот и ја зголемува креативноста.

- Реклама -