Се сеќавате ли на онаа реченица – секое утро по едно јајце за сила на организмот? Добро е да се сеќавате, бидејќи јајцата сепак се здрава храна.
Но, доколку имате проблем со тоа да ги убедите вашите деца да ги консумираат редовно, овие необични калапи дефинитивно ќе го решат вашиот проблем.
Имено, со нивна помош за само неколку минути ќе успеете да ги претворите варените јајца во костурска глава, зајче, мече и што ли уште не.