Уште од мали нозе некои факти ни се сервираат како вистинити, додека од друга страна тие не се ништо повеќе од митови. Погледнете што е мит, а што вистина од верувањата со кои сме пораснале.
Уште од мали нозе некои факти ни се сервираат како вистинити, додека од
друга страна тие не се ништо повеќе од митови. Погледнете што е мит, а
што вистина од верувањата со кои сме пораснале.
1. Ако како деца сте ја голтнале гумата за џвакање веројатно сте добиле шлаканица, а заедно со неа и порција застрашувања од сите околу вас. Веројатно и ви спомнувале дека е потребно седум години за истата да се растопи во вашиот стомак. Е, па ве лажеле. За да се стопи гумата за џвакање во желудникот потребно е исто толку време колку и да се свари ручекот.
2. Лага е дека косата и ноктите продолжуваат да растат и после смртта.
После настапувањето на смртта човечкото тело се смалува, а косата и ноктите остануваат исти, но заради спомнатото смалување на телото овие два „украси“ стануваат и привидно поголеми.
3. Ниту бајката која вели дека мажите помислуваат на секс секој седум секунди не „држи вода“. Мажот, доколку ова претходново е вистина, на секс ќе помислува повеќе од 12.000 пати секој ден.
4. Лага е дека Кинескиот ѕид е единствен објект кој го направил човекот, а кој е видлив од Месечината. Од Месечината всушност не се гледа ниту еден единствен објект кој го направил човекот. Во прилог на тоа говори и фактот дека астронаутите со тешки маки го лоцираа ѕидот од 300 километри над Земјата, а Месечината од Земјата е оддалечена дури 400.000 километри.
5. Теориите за тоа дека човекот користи само десет проценти од потенцијалот на својот мозок исто така не се вистинити. Истражувањата покажаа дека човекот мозокот го користи 100%, само не во исто време. Исто како што не ги користиме постојано сите мускули, така не го користиме и мозокот, туку само неговите делови во зависност од тоа со што се занимаваме во тој момент.
6. Мозочните клетки можат да се регенерираат. Многумина се плашат дека конзумирањето на дрога и алкохол можат да ги уништат нивните клетки, меѓутоа истражувачите објаснуваат дека мозочните клетки се обновуваат. Додуша малку поспоро во текот на зрелите години, но сепак се обновуваат.
7. Вистина е дека кокошката може да живее без глава.
Најдолгиот евидентиран случај на кокошка која живеела без глава е 18 месеци. Кога секирата паднала врз оваа кокошка се покажало дека сепак не и го пресекла најбитниот дел – малото опавче кое ги контролира поголемиот дел од функциите на кокошката.
8. Приказната која вели дека устата на кучето е почиста од човечката е само приказна. Одамна циркулира една теорија која вели дека кучешката уста е почиста од онаа на неговиот сопственик. Тоа не е вистина, но оние кои сакаат влажни бакнежи со својот миленик можат да продолжат да го прават тоа, бидејќи бактериите во нивната челуст се специфични и од нив не може да ви биде лошо. Всушност, постои поголема веројатност да се разболите доколку се бакнувате со личност од спротивниот пол.
9. Митот што вели дека проѕевањето е заразно е всушност вистина.
Огледалните неврони стануваат активни кога некоја личност или животно во близина се проѕева па доаѓа до тоа, свесно или несвесно, да се проѕеваме кога некој друг во наша близина го прави истото.
10. Митот за тоа дека мачките секогаш паѓаат на нозе е делумно точен. Кога мачките паѓаат од голема височина, често се случува навистина да застанат на нозе, меѓутоа тоа си има и свои последици. Иако се градени така, за падот што помалку да го почувствуваат понекогаш се случува да доживеат шок. Доколку паѓаат наназад, мачките би можале да се здобијат со тешки повреди бидејќи не се во можност да се подоготват за застанување на нозе.