Бонтон за на одмор

Повеќе... Во Турција внимавајте со која рака земате нешто, во Италија пијте капучино само претпладне, во Тунис ценкајте се, ама со мерка…

bonton-x.jpgАко некоја храна особено ви се допаѓа тогаш шлапкајте и мљацкајте што погласно – барем ако се наоѓате во Азија. Така домаќинот ќе знае дека оброкот бил вкусен. Отмената воздржаност за време на јадењето таму не е пожелна.

Општо правило е дека во секоја земја послугата се радува на бакшишот. Бидете уште првиот ден великодушни спрема собарката и сигурно ќе ве затрупа со чисти крпи и постелнина. Нема да погрешите ако на износот на сметката додадете уште 15 до 20%. Во Јужна Европа напојницата не се дава во рака на келнерот, туку се остава на маса. Постои еден исклучок: во Азија давањето бакшиш се смета за навреда.

Оној кој не сака да привлекува многу внимание, мора да се погрижи да има соодветна облека: долги пантолони, кошула и здолниште на преклоп треба да се најдат во секој куфер. Тоа е особено важно ако патувате во муслимански земји како Египет, Мароко, Тунис и Турција.

Во Италија цврстиот стисок со раката е задолжителен. Не е доволно некому само да мафнете, туку мора барем десет пати да ја протресете раката. Ако после пладне нарачате капучино, веднаш ќе биде јасно дека сте турист, бидејќи Италијанците го пијат само претпладне. Во тек на денот се пие исклучиво еспресо.

Во Тунис е забрането бакнување и на улица не се пожелни нежни допири. Многу е важно жените да не ги гледаат во очи мажите бидејќи тоа тие можат да го сфатат како повик за флерт. Ако сакате нешто да фотографирате, секогаш однапред прашајте за дозвола бидејќи е неучтиво да се сликаат жените во традиционална облека и верниците што се молат. Туристите треба да знааат дека трговците на пазарите во цената на својата стока имаат пресметано 100% вишок за да можат да се ценкаат. Кога продавачот ќе изгуби интерес за понатамошно ценкање, значи дека цената сте ја спуштиле на вистинската вредност. Тогаш треба да го купите саканиот предмет или да се откажете од купување бидејќи понатамошното ценкање би претставувало навреда за продавачот.

Прочитајте и:  Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

Во Тајланд, Индија, Индонезија и на Малдивите не смеете никого да погалите по главата, а посебно не децата, бидејќи тука се наоѓа душа која не треба да се допира. Од друга страна, нозете се презрени бидејќи се сметаат за нечисти. Кога седите, внимавајте табаните да не бидат видливи.

Во Франција јадењето е свето и затоа немојте да седнете на првата слободна маса, туку почекајте келнерот да ви избере најдобро место. Обично за таа услуга се очекува мал бакшиш.

Во Холандија немојте да градите кули од песок на плажа. Холаѓаните сметаат дека подигнување тврдина е типично за германскиот менталитет за освојување територии. Во Турција левата рака е презрена, затоа никому не му ја подавајте. Турците сметаат дека таа е нечиста и затоа јадењето треба да го земате исклучиво само со десна рака. Понудениот чај претставува знак за гостопримство и посекако испијте го за да не го навредите домаќинот.

E-mail бонтон?

- Реклама -