Зошто кучињата лаат?

Повеќе... Зошто кучињата лаат толку многу? Еволутивниот биолог Кетрин Лорд смета
дека не се работи за тоа дека кучињата комуницираат со своите
сопственици туку дека одговорот на ова прашање е поврзан со историјата
на кучешкиот вид.


dog-bark.jpgЗошто кучињата лаат толку многу? Еволутивниот биолог Кетрин Лорд смета
дека не се работи за тоа дека кучињата комуницираат со своите
сопственици туку дека одговорот на ова прашање е поврзан со историјата
на кучешкиот вид.

Според Лорд, домашните кучиња не комуницираат преку лаeњето и немаат некоја намерна порака која сакаат да ја пренесат преку него како „Сакам да играм“ или „Куќата гори.“ Всушност, лаењето е аудитивен сигнал поврзан со еволутивното однесување познато како мобинг – групен одговор вообичаено инициран од една индивидуа која забележува како се приближува некој натрапник. Кучката, на пример, лае заради тоа што чувствува внатрешен конфликт, нагон да бега комбиниран со нагонот да остане на местото и да ги заштити своите малечки. Кога групата ќе се здружи, лае за да го избрка натрапникот наместо да избега.

„Сметаме дека кучињата лаат заради овој внатрешен конфликт и ова мобинг однесување, додека домашните кучиња лаат повеќе, заради тоа што почесто се наоѓаат во конфликтни ситуации“ вели Лорд.

Причината за лаењето Лорд и нејзините колеги ја бараат назад во историјата до првите кучиња кои почнале да живеат околу човечките отпади со храна пред 8.000 – 10.000 години. Тие први претци на домашните кучиња морале да останат на едно место заради тоа што последиците ќе биле фатални доколку бегале секогаш кога некој човек или животно ќе им се приближеле. Од еволутивна гледна точка, кучињата избрале да останат на едно место, совладувајќи го стравот со цел на крајот да дојдат до храна. Исплашените кучиња не преживувале, додека оние помалку исплашените останувале, така доаѓале до храна и така преживувале и се размножувале. Оттаму ја наследиле таа тенденција да лаат. За разлика од нив, дивите животни, како волците, кога ќе слушнат нешто бегаат уште пред да бидат забележани. Кучињата од друга страна, остануваат со цел да ја заштитат својата територија и колку што е поблиску натрапникот толку повеќе преовладува тој мобинг нагон да се избрка натрапникот отколку нагонот да се избега.

Пример за такво однесување во домашна средина е кога кучето е зад ограда, додека се приближува некој натрапник. Кучето може да се почувствува или вознемирено или возбудено заради тоа што гледа некој странец, но и во двата случи кучето е спречено да се приближи  или да бега. Ова создава конфликтна ситуација и оттаму доаѓа лаењето. [Not Only Dogs, But Deer, Monkeys And Birds Bark To Deal With Conflict]

- Реклама -