Велат дека се е повкусно кога е пржено. Но кој би помислил дека ова важи и за есенските листови?
Е па, ова јадење постои – се нарекува Maple Tempura и е есенски деликатес во Јапонија. Но, не е така едноставно како собирање на паднатите лисја и нивно пржење. Постои цел комплексен процес на подготовка во претварањето на овие листови во слатки, златни грицки.
За да подготвите Maple Tempura, листовите внимателно се селектираат и се чуваат во буриња со сол минимум една година. Тогаш, листовите се отстрануваат од солта и се потопуваат во смеса од брашно, млеко, сусам и шеќер. Така потопени, листовите се пржат во претходно загреано масло околу 20 минути, додека не станат крцкави.
Вкусот на пржените јаворови листови го споредуваат со традиционалното јапонско јадење – Каринто, кое всушност е испржено ретко, полутечно тесто. Сепак, Maple Tempura е малку помалку слатко и малку потегаво. Листовите всушност имаат мала улога на вкусот, а токму уникатната „ѕвездена“ форма на овие „грицки“ е она што најногу ги привлекува луѓето што ги сакаат.
Ова интересно јадење потекнува од пред 1000 години, од јужно-централна Јапонија. Иако рецептот има претрпено неколку промени низ вековите, сеуште може да наидете на традиционална порција од Maple Tempura ако прошетате низ Кјото или Осака. Исто така можете и да купите и готова ќеса за околу 500 јени (5.70 долари).
Maple Tempura e уживање за целата година, но шмекот е посебен кога ги јадете во есен, уживајќи во карактеристичните бои и амбиент на ова годишно време.